Во затворот во Зајечар изби бунт на затворениците кога се расчу дека стигнува Владица Рајковиќ, монтрумот од Вратарница кој во саботата ѕверски ја силуваше и ја уби малечката Анѓелина Стефановиќ (3).
Затворениците се заканија дека ќе го унаказат и заколат монструмот штом ќе дојдат до него па Владица поради големиот безбедносен ризик е сместен само во келија и под строг надзор на чуварите.
Рајковиќ во понеделникот околу 22.30 часот по сослушувањето во зајечарскиот Виш суд е префрлен во притворската единица на општинскиот затвор.
Веста за доаѓањето на Рајковиќ брзо се проширила меѓу затворениците.
-Сите веднаш почнаа да викаат дека ќе го убијат ако го видат. Некои дури и побараа Владица да го сместат во нивната ќелија за да му приредат „добредојде“.
Тропале и викале дека ќе го силуваат, заколат…Ситуацијата била многу напната и мерките за безбедност биле на највисоко нивно, вели извор од затвор.т
Во Управата за извршување санкции не сакале да го коментираат бесот на затворенците. Рекле дека Рајковиќ е сам во ќелија и под 24-часовен чадзор од стражарите.
-Веднаш по доаѓањето во притворската единица е извршен прием и лекарски преглед. Рајковиќ е мирен, нормално јаде, спие и се придржува кон куќниот ред. За сега не оди да прошета од безбедносни причини. Бидејќи никој од роднините не му донел облека и средства за хигиена, Управата му го обезбедила тоа, велат од таму.
Да потсетиме Рајковиќ е уапсен откако ја силуваше, а потоа брутално ја уби тргодишната Анѓелина Стефановиќ.
Експертите кои разговарале со него велат дека има лесна ментална ретардација, но сепак дека бил свесен за своите постапки.
Малечката Анѓа е погребана денеска на локалните гробишта.