Избор на уредникот

Бугарски политолог: Македонија нема гајле од „Голема Албанија“, Албанците се иселуваат од Македонија

Антон Панчев, професор по балканистика на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, ја отфрла претпоставката дека, во случај Македонија да не добие перспектива за евроинтеграција, во земјата ќе се засили албанскиот национализам, што ќе доведе до одделување на територијата населена со Албанци и нејзино присоединување на Албанија.

„Тоа е речиси невозможно од неколку причини. На прво место – демографскиот фактор. Засега Албанците имаат повисок наталитет од Македонците, но емиграцијата од албанска страна е толку висока што го балансира тој фактор. Во последните пет години во Македонија се забележува тенденција за иселување на населението од земјата, како резултат на што тоа денес тоа е намалено за околу 100.000 луѓе, од кои 70.000 Албанци. Поради емиграцијата, бројот на албанските ученици во македонските училишта е намален за 40-60 проценти“, објаснува Панчев за украинскиот портал „Ин фокус“.

„На второ место е израмнувањето на политичките права на Албанците и Македонците, како и зголемувањето на економското ниво. Во албанските општини денес има поголеми државни инвестиции, а многу Албанци вршат административни должности. Од тие причини, засега Албанците во Македонија немаа основани аргументи ниту за отцепување, ниту за оправдување на таквиот чекор пред меѓународната јавност. Во моментов тие не би можеле да кажат дека правата им се нарушени, дека живеат лошо и слично, за да пробаат со радикални средства да остварат автономија, федерализација или отцепување. Тоа значи исто така дека е малку веројатно во Македонија да дојдат на власт екстремни елементи, кои ќе бараат поголеми права за Албанците, а камоли за отцепување“, смета докторот по политологија.

„Излегува дека ‘Голема Албанија’ е повеќе мит, отколку реалност… Таа не може да биде реализирана. Сами по себе Албанците не се доволно силни, а исто така ниту една голема сила не би ги поддржала за тоа. Освен тоа, соседите на Албанија, едноставно, нема да го дозволат тоа: Грција, Северна Македонија, Србија, Црна Гора дури и поединечно се посилни од Албанците. Посебно Грците и Србите. Единственото нешто што може да го направи Албанија е да заигра со Турција. Турците се обидуваат да отворат таму военовоздухопловна и военопоморска база. Но, тоа би значело сериозно влошување на односите со Западна Европа. А и самите проевропски сили во Албанија не би го дозволиле тоа“, уверен е Панчев.

Поврзани вести

Back to top button