Британски новинар: На Ѓоковиќ не му е грижа што мислат другите, можете да правите што сакате, нема да направите ни трошка вдлабнатина во неговата психа
Новак Ѓоковиќ со денови е во центарот на вниманието на светската јавност поради случувањата по неговиот прв меч на „Ролан Гарос“. По победата во три сета против Александар Ковачевиќ, Ѓоковиќ на камерата напиша „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“, што предизвика бура од реакции.
Британскиот новинар Оливер Браун напиша текст за „Телеграф“ во кој на некој начин го опишува психолошкиот профил на Новак Ѓоковиќ и во кој тврди дека Новак ќе остане имун на истите.
– Откажете се од него, уништете му го угледот, депортирајте го, на Новак Ѓоковиќ не му е грижа.
Фамата околу Косово е идеална за човек кој ужива во менталитетот „еден против сите“, е ставот на Браун.
– Ако Новак Ѓоковиќ има нешто специфично, тоа е дека не му е грижа што мислат другите. Можете да правите што сакате, нема да направите ни трошка вдлабнатина во неговиот психолошки оклоп, напиша Оливер Браун, спортски уредник на британски „Телеграф“.
На најблиската камера на турнирот Ролан Гарос Новак Ѓоковиќ напиша „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“.