Била преубав фото-модел, а потоа ја регрутирале џихадистите: Еве како Исламската држава ми го испра мозокот!
29-годишната Кимберли Мајнерс од Лондон тврди дека преку интернет започнала врска со регрутерот на Исламската држава во Велика Британија, Навид Хусеин, и дека за малку ќе завршела во Сирија како негова сопруга.
Кимберли, инаку гламурозен модел, открила како регрутерот на терористичката група се обидел да и го испере мозокот и да ја убеди да дојде во Сирија да стане новата “Бела вдовица”, како Сали Џонс, џихадистка од Велика Британија, која загинала во Сирија заедно со својот син по американски воздушен напад.
Таа, како што вели, поради осаменост, на социјалните мрежи се спријателила со луѓе од Сирија, па за разлика од гламурозните фотографии кои претходно ги објавувала, објавила фотографија на која лицето и е целосно покриено. Тогаш била, како што вели, опседната со Хусеин.
Минатата година била уапсена од полицијата откако биле откриени нејзините преписки со Хусеин, во кои и пратил упатства за правење на бомба.
“Сега се срамам од тоа, но ми се допаѓаше вниманието. Бев толку осамена, а со него се чувствував како да припаѓам на некого”, рекла таа и додала дека била многу тажна по спонтаниот абортус и раскинувањето со свршеникот.
Кога била уапсена и било кажано дека и се заканува казна до 10 години затвор, но во јануари оваа година била пуштена на слобода. Хусеин неколку недели подоцна загинал во напад на дрон.