Без силикони, разголени гради и напрчени усни … па и без ФБ, оваа Битолчанка пред 100 години стигнала на насловна страница на француски магазин
Без пудри, силикони, ботокси, екстензии, надградени нокти и вештачки трепки, разголени гради и напрчени усни … па и без ФБ, оваа Битолчанка пред 100 години стигнала на насловна страница на француски магазин.
Закопчана до гуша, во традиционална облека, со скромна срамежлива насмевка и вредни раце.
Добро е денешните девојки и жени, кои сѐ би направиле да стигнат до насловна страница на некој западен моден магазин, да знаат дека нивните прабаби стигнале уште пред 100 години, ама не затоа што лошо го имитирале и копирале западот, туку со својата автентичност и оригиналност.
Попатно, посочете им на сите што се прават дека “не знаат” и “не гледаат” дека под фотографијата долу јасно пишува:
– MACEDONIENNE !
* жена со вретено и фурка од Битола на насловната страница на францускиот весник Le Noel објавено на 28 Мај 1918 г.
Извор Фејсбук статус на Благој Шаклевски