Бегалка од Ирак стана кумановска снаа
Oткако на нејзиниот пат од Багдад кон Лондон, во бегалскиот камп Табановце ја пронашла љубовта на својот живот, Нура Аркавази (20) и покрај противењето на нејзините родители, одлучила да го продолжи животот со 14 години постариот полицаец Боби Додевски и да создаде семејство во Македонија. Нивната приказна ја пренесува Сител.мк.
Тој ден српските полицајци не вратија, срцето ми заигра. Моите тажеа, а јас се радував што се враќам во кампот. останавме на граничната линија, на дожд и во кал, кренав температура, дури 43. Тој беше покрај мене, ме однесе на лекар во кампот, а многу ми помогна и кога мајка ми колабираше. Ме освои таа негова несебичност и добрина. Верувам во судбина и таа не спои. Тој е мојот бог, – вели Нура и се присетува на 8-ми март, денот кога го сретнала Боби.
Боби зад себе има два неуспешни брака и три деца. Мајка му, неговите деца, роднини и пријатели одлично ја прифатиле младата невеста.
Подготовките за свадбата која, најверојатно, ќе се одржи на 13 јули, роденденот на Нура се во тек. На свадбата, најверојтно, нема да присуствува семејството на Нура, бидејќи тие се противат на мешаниот брак помеѓу муслиманка и христијанин, и бараат таа да замине со нив во западно-европските земји, заедно со братчето и сестричката.
Целата сторија на Сител.мк