Автомобил со полна брзина се заби во бензинска пумпа: Момент по силниот удар се случи вистинско чудо (ВИДЕО)

Во Мисисипи надзорните камери на една бензинска станица снимија катастрофална несреќа која за среќа не однесе ниту еден живот.

Снимката од местото Фловуд покажува како автомобил слетува од патот и со полна брзина, со превртување во воздухот, се удира во пумпата.

Но момент по страшната несреќа се случува може да се каже чудо, жената која била во автомобилот зад воланот мирно и неповредено излегува од него.

Може да се каже дека е просто неверојатно како ниту пумпата, ниту автомобилот не експлодираа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест

Препорачани