Избор на уредникот

Американски политиколог открива зошто Југославија мораше да биде уништена

Американскиот политиколог Фил Батлер напишал колумна во која тврди дека уништувањето и распадот на Југославија било дел од планот за ширење на НАТО сојузот.

Намерата била да се ослабат геополитичките противници на западниот блок во регионите од Третиот свет, и да се проголта здравата економија на народите од овие простори.

Дел од неговата анализа пренел и италијански Globalist.

“Можете да ја замислите Европа денес со Југославија како клучен играч меѓу народите? Јас можам. Југославија всушност беше еден од најголемите културни и општествени експерименти во историјата. Основана на подрачјето на судири помеѓу некогашното Австро-унгарско и Османско царство, Југославија ги соединила двете култури на начин кој не бил виден уште од времето на Александар Велики, кој по големите освојувањето ги асимилирал народите. Експериментот, ако можам така да го наречам, траел нешто повеќе од половина век. Идеален од причина што во една држава живееле сите југословенски народи. Создавањето на Југославија делумно бил геостратешки потег на Британија и Франција, за да забави или блокира Германија”, пишува Батлер.

Според неговите зборови, одредбите од таканаречената “Крфска декларација” ги поставиле темелите на уставната монархија која по ништо не се разликувала од Англија.

“Правата и правото на глас, и почитувањето на темелните принципи на Илирското движење, биле ветувачки аспекти на раната Југославија. Но, тогаш кралот Александар ги укинал Уставот и изборите, но заедничкиот живот на етничките и културни групи давал надеж за иднината. Војна, политички мамки, внатрешни и надворешни притисоци, во тоа време тешко ја оптоварувале оваа нова светска сила. Како што тоа било случај во многу такви експерименти, на крајот авторитарната власт станала потребна, можеби и посакувана”, тврди Батлер.

Тој вели дека националниот херој Јосип Броз Тито станал тој “диктатор”, но стекнал светска слава и цврсто ги држел работите под контрола, а Југославија играла голема улога на светската сцена.

“Меѓутоа, кога неговата моќ ослабе, спротивните сили го најдоа своето упориште. Нема научници или политичари кои не зборуваат денес за тоа, но улогата на Тито во основањето на Движењето на неврзаните национални држави била голема и значајна, посебно за луѓето кои сега живеат во Хрватска, Србија, и останатите југословенски земји. Идеалите на Движењето на неврзаните и неговите темели биле удрени во Белград во 1961. година. Во создавањето на движењето учествувале Тито, индискиот премиер Џавахарал Нехру, претседателот на Индонезија Сукарно, египетскиот претседател Гамал Абдел Насер, и претседателот на Гана, Кваме Нкрумах. Во најкратки црти, идејата за ова движење ја објаснил лидерот на Куба, Фидел Кастро, во говорот во Хавана во 1979. година”.

“Движењето на неврзаните постои за да ги зачува националната независност, суверенитет, територијален интегритет и безбедноста на неврзаните земји во нивната борба против империјализмот, колонијализмот, неоколонијализмот, расизмот и сите облици на странска агресија, доминација, мешање или хегемонија, како и против големите сили и блоковската политика”, рекол тогаш Кастро.

Така, во суштина, Движењето на неврзаните тежело кон самостоен развој на народите помеѓу големите сили, со идеја која ја негирала Студената војна. Секако, големите сили, кои се занимавале со идеолошки војни, имале свои стратегии, кои вклучувале апсорпција на секоја од тие сиромашни независни земји”, вели американскиот експерт.

Како што гледаме денес, вели Блатер, стратегијата била да се предизвикаат битки кои водат кон фрагментација, поделба и создавање на немоќни земји и народи ширум светот.

“Распадот на Југославија е најдобар пример, зошто ниедна земја не покажува наклонетост кон Движењето на неврзаните. Наместо тоа, ЕУ и НАТО биле гравитациска сила која ја привлекла Словенија, Хрватска и останатите. Гледаме остатоци од стратегијата на Студената војна и факт е дека Белорусија и Азербејџан се единствените две преостанати членки на движењето во Европа, а Фиџи како најнов член се приклучил во 2011. година. Меѓутоа, во 2012. година самитот на Движењето на неврзаните забележал поголема посетеност од било која претходна година, што можеби е знак за кризата на Западот. Покрај декларираната цел за “борба и мир во светот”, и своите темелни догми, движењето сепак, барем теоретски, е вреден посреднички круг. Но, дозволете да се вратам на случајот Југославија и каква би била доколку постоела денес”, вели Батлер.

Според неговите зборови, гледајќи од дистанца на распадот на Југославија, се забележува дека станува збор за следење на геостратегијата на Вашингтон која се спроведувала насекаде. Акциите на администрацијата на Клинтон во тоа време биле тајна за јавноста, исто како што се и денес.

“Читајќи го “thing tank”-от на Вашингтон од пропагандниот Институт Брукингс го откривате ова. Во текстот “Одлука за интервенција – Како да заврши војната во Босна” од 1998. година, авторот Иво Х. Дадлер почнува:

“Додека денес многумина пишуваат убаво и страсно за да го објаснат неуспехот на Вашингтон и Западот да се сопре етничкото чистење, концентрационите логори и масакрите на стотина илјади цивили, малку кој го поставувал тоа прашање во летото 1995. година, кога САД конечно одлучиле да ја преземат водечката улога во ставањето на крај на војната во Босна””.

Но, вистината, тврди Батлер, е многу поедноставна од реалноста.

“На никого не му е потребен “think tank” за да открие зошто претседателот Бил Клинтон се двоумел да посредува во Босна. Клинтон всушност продолжил со политиката на својот претходник, Џорџ Буш Постариот, кој имал за цел да го дестабилизира југословенскиот социјалистички успех. Сега знаеме дека тајно обучените бунтовници одиграле клучна улога во фрагментирањето на овој регион, преку организација позната како Атлантска бригада, која се борела во војната на Косово на страната на Ослободителната војска на Косово, а броела околу 400 вооружени борци, како што пишува “Christian Science Montitor” во 1999. година.

nato

Овој извештај открива дека САД под лажен изговор воделе посредничка војна во поранешна Југославија.

Кога станува збор за Бил Клинтон и тоа што не сакал да се меша во регионот некогаш познат како Југославија, тоа е валкана историја на геноциди и бескрајни лаги”, наведува Батлер.

Тој нагласува дека приказната која ја пронашол е приказна за Французин кој ја тренирал Атлантската бригада, што подоцна потсетува на тоа што се случува во Украина, Либија и Сирија.

“Погледнете ги “шаблоните” кои водат до вистината и тоа е повеќе од доволно. Распаѓањето на легитимните држави на Југославија служеле за вложување во поделбата на преостанатите парчиња земја, со помош на американскиот претседател, британските господари, и германските индустријалци. Атлантската бригада делувала во разни посреднички војни на Балканот, а важни припадници ѝ биле смртоносни убијци од странство. Американските функционери во врвот добро ги познавале и управувајќи со нив ги влечеле конците на Косово и ширум Балканот. Југославија станала прототип, пример за делување во Авганистан и Ирак, Арапската пролет. Имињата Медлин Олбрајт, Хавиер Солана, генералот Весли Кларк и другите сè уште се споменуваат. Во поранешна Југославија пријателите на клучните играчи во владите буквално планирале да ги претворат народите и земјите во кредитори и инвестициски “елдорадо””, вели Батлер.

Приказната за тој геноцид во име на демократијата е престрашна, вели американскиот експерт.

“Повеќето народи од овие простори се вратени 200 години наназад во некој вид средновековно постоење без надеж. Единствена трошка надеж за повеќето поранешни Југословени, сосема природно, е ЕУ и НАТО. Додека ова го пишувам, американски, британски и германските планери веќе ја уредуваат Сирија. Познатата Ранд Корпорација изработува план за поделба за суверените држави, За оние кои не се свесни, Ранд Корпорацијата е “Големиот брат” на сите хомогениски “think tank”-ови”, вели Батлер и поставува клучно прашање – Кој и зошто ја уништи Југославија?

“Сигурно имало злосторства и геноциди од двете страни на судирите, од Косово до останатите војни на Балканот. Но тоа не е поентата поради која се фокусирав на оваа катастрофа. Пред сè, ниеден народ на поранешна Југославија денес нема право на глас. Второ, поделбата меѓу тие народи довела до смрт или преселба на милиони луѓе. Но, мојата “фантазија” за Југославија би можела да биде изненадување. Дозволете ми да заклучам. Југославија е изградена на идејата дека во неа Јужните Словени нема останат слаби и поделени народи. Обединети во Југославија не би биле лесен плен на империјалните намери, како што гледаме дека се случува денес”, истакнува Батлер.

Тој вели дека факт е дека по Втората светска војна социјалистичка Југославија станала некој вид на европска приказна за успех.

“Помеѓу 1960. и 1980. година, земјата имала една од најважните стапки на економски раст во светот, пристоен животен стандард, бесплатно здравство и образование, гарантирано право на работа, едномесечен платен годишен одмор, степен на писменост од повеќе од 90 проценти, а очекуван животен век од 72 години. Колку што знам, ниедна држава од Балканот денес не може ни да сонува за половина од овој просперитет. Тоа беше напредок кој меѓу западните сили предизвика желба за уништување на Југославија. Мултиетничкото население во земјата имало поволен јавен превоз и комуналии. Непрофитната економија во главно била во државна сопственост, што не е баш најдобар пример за Западната демократска љубов. Во тоа време од ресурсите далеку биле Германија, Франција или Велика Британија, а банкарите во Лондон и Луксембург не можеле да извлечат милијарди од социјалистичкиот систем”, вели Батлер.

Тој тврди дека Југославија морала да умре, а Реган, Буш Постариот и Помладиот и Клинтон помогнале тоа да се случи.

“Наградуваниот автор, политиколог и соработник во Институтот за политички студии во Вашингтон, Мајкл Паренти, често зборувал за катастрофите во Југославија. Според Паренти, американска цел била да се претворат југословенските народи во регион од Третиот свет, а тоа можело да се оствари со поделба на земјата. По распадот на Југославија новонастанатите земји требало да бидат:”

1. Неспособни да следат независен курс на личен развој.

2. Слабите економии и природните ресурси во целост да бидат достапни за мултинационалните корпорациски експлоатации, вклучувајќи и огромни минерални богатства на Косово.

3. Осиромашеното, но писмено и способно население ќе биде принудено да работи за минимални плати, и ќе претставуваат евтин работен базен со кој полесно ќе се намалат платите во Западна Европа.

4. Демонтирана автомобилска индустрија, нафта, тешки машини, рударство и петрохемија, и разни други индустрии кои не смееле да бидат конкуренција на постоечките западни произведувачи.

Ви звучи ли оваа стратегија познато? Сетете се на планот на Ранд Корпорацијата за Сирија. Дали и Украина, Донбас и Крим го разбраа ова пред Евро Мајдан? Кој е планот за Русија за крај?

Батлер вели дека иако ова звучи заканувачки, тоа едноставно е светот во кој денес живееме.

Поврзани вести

Back to top button