Избор на уредникотСвет
Американски амбасадор во Белград: Србите кога ќе се разбудат, ќе видат дека Албанците го зеле Косово
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил кажа дека Србите мора да ја прифатат реалноста дека Косово е посебна држава.
„Србите кога ќе се разбудат, ќе видат дека Албанците го зеле Косово за себе. Се надевам дека во меѓувреме ќе се средат односите и ќе се продолжи со работи кои се важни за просечните луѓе“, кажа Хил.
Хил смета дека западните земји бараат од Белград и Приштина да се обидат да ги намалат тензиите и да го продолжат процесот на дијалог.