Албанска брачна двојка вмешана во масакрот во Ница
Објавено:
понеделник, 18 јули 2016 во 17:40
Двајца Албанци беа уапсени вчера од страна на француската полиција под сомнение дека му го продале пиштолот на Мухамед Булел, кој во масакрот во четвртокот вечер уби 84 луѓе, а повреди 200 лица возејќи камион тежок 19 тони по Англиската променада во Ница.
Триесет и осумгодишниот Артан Хенај од Фиери и неговата сопруга, 34-годишната Енкелејда Заче од Елбасан, имаат француско државјанство и се сомничат дека биле во контакт со напаѓачот.
Албанската двојка не и е непозната на полицијата.
Енкелејда во мај 2015 година беше уапсена за шверц на мигранти во Франција.