Свет

Албанија старее: За две децении двојно поголем бројот на стари лица

Албанија некогаш земја со најмлада популација во Европа, од година во година се соочува со пад на наталитет како резултат на динамичкиот живот.

albanija

Во студијата изработена од страна на Инситутот за статистика на Албанија во врска со стареењето на нацијата, овој феномен комбиниран со долговечноста ќе го зголеми процентот на лицата од третото доба  и во 2030 година популацијата над 65 годишна возраст ќе биде застапена со 33 проценти од вкупнот број граѓани.

Во 2001 година, како што стои во студијата, во просек секоја жена раѓала по  2,3 деца. Според последниот попис, во 2011 година, тој број  е 1,7 дете.

– Во послените две децении, од 1989 до 2011 година, бројот на старите лица е двојно поголем и доколку овој тренд продолжи со оваа динамика во 2031 година една третина од нашата вкупна популција ќе биде постара од 65 години, вели Емира Галанџи, директорка за социјална статистика.

Друг феномен кој води кон стареење на албанската нација е и тенденцијата младите се помасовно да ја напуштаат земјата.

Експертите препорачуваат брза реакција за да се одговори на овие промени, кои директно ги погодуваат и пензискиот систем, здравствената служба, услужните политики на долгорчен период.

Податоците говорат дека трендот да се бега од Албанија продолжува и понатаму. Само во период октомври 2014 до март 2015 година  од Албанија во западноевропските земји емигрирале над 73 илјади, а на годинешната лотарија за САД поднесени се 100 илјади апликации од околу 200 илјади лица.

Поврзани вести

Back to top button