Свет

(ВИДЕО) Терористички напад со мачети во Лондон

Три лица беа повредени при напад од непознат маж, вооружен со мачете, во лондонското метро. “Ова е за Сирија” викал мажот при нападот врз луѓето. Еден од нив е со тешки повреди и лекарите се борат за неговиот живот. Инцидентот се случи на станицата “Лејтнстоун”. Лондонската полиција го уапси напаѓачот. На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа и слики, на кои се гледаат големи локви крв на местото каде што беше извршено нападот.

napad

Ричард Уалтон од антитеротистичкиот  полициски одред рече дека станува збор за “терористички инцидент”. “Ги повикувам луѓето да останат смирени, но да бидат внимателни. Заканата од тероризам останува висока”, рече уште тој, цитиран од “Индипендент” Уалтон  ја потврди информацијата дека има еден тешко ранет. Полициските власти повикаа сите очевидци на нападот да им се јават на на силите на редот, а оние кои имаат слики и видео да ги предадат на полицијата. Нападот се случи неколку дена откако британскиот парламент донесе одлука за вклучување на Лондон во операциите против Исламската држава. Велика Британија веќе  ги спроведе и првите воздушни напади во Сирија во петокот и четвртокот наутро.

Како што претходно соопшти американскиот весник “Волстрит џурнал”, неколку лица осомничени за врски со екстремисти од терористичка група “Исламска држава” Абделхамид Абауд, сметан за организатор на нападите од 13-ти ноември во Париз, веќе се наоѓаат во Велика Британија.

Поврзани вести

Back to top button