Живот

Актерката испраќа молба до сите: „Запомнете го симптомот на рак кој јас го игнорирав една година“

Кога на младата британска актерка Лорна Никсон Браун пред неколку години и се појавила грутка на вратот, таа не ни претпоставувала дека всушност боледува од рак. Страшните вести ги слушнала дури една година подоцна.

„После неколку месеци мојата мајка забележа испакнатина на предната лева страна од мојот врат, а освен тоа ми напомена и дека малку сум ослабела“, раскажала Лорна, која морала да направи пауза во кариерата и да почне со лекување, откако докторите заклучиле дека испакнатината на вратот е всушност рак на тироидната жлезда.

За среќа, подмолната болест била откриена на време.

02-lorna-rak-na-tiroidnata-zlezda

Денес, Браун е веќе една година „чиста“, а се посветила на активизмот за борба против ракот. Таа редовно трча маратони за помош на организации кои им помагаат на болните од оваа ужасна болест, а на социјалните мрежи се труди да ја образува јавноста за симптомите и да им ја подигне свеста на луѓето.

„Редовно прегледувајте се и ако забележите било каква промена, одете на лекар. Јас го игнорирав мојот симптом речиси една година и тоа можеше да ме чини живот“, порачала Лорна во неодамнешната објава на Твитер.

Поврзани вести

Back to top button