Свет

Ако нареднава недела ви се појави ова на Фејсбук – ви ги краделе податоците!

Околу 87 милиони корисници на Фејсбук ширум светот ќе дознаат дали нивните приватни податоци се злоупотребени од страна на фирмата Кембриџ Аналитика.

Од Фејсбук најавија дека сите корисници чии приватни податоци се користени, за тоа ќе добијат детално извествување на нивниот њузфид. Од 87 милиони корисници, повеќето (70 милиони) се од Америка, пишува Гардијан.

Сите 2.2 милијарди корисници на Фејсбук на својот њузфид исто така ќе добијат известување под името „Штитејќи ги вашите податоци“, која ќе содржи линк на сите апликации кои корисникот ги употребува, со опис кои информации се споделени од тие апликации. Корисниците ќе можат да ги исклчуат апликациите за кои не сакаат да ги користат нивните податоци.

Поврзани вести

Back to top button