ЖивотИзбор на уредникот
Бегалка поради Боби ја променила верата, семејството ја отпишало
Боби Додевски е македонски граничен полицаец, а Нора Арканази бегалка од Ирак. Судбината ги спои на граничниот премин Табановце. Бегалската криза во овој случај, имаше среќен крај.
Боби и Нора се запознале на граничниот премин Табановце во екот на бегалската криза. Нора одлучила да остане и да работи за Црвениот крст, а нејзиното семејство продолжило на север, и сега живее во Австрија.
Таа е ирачки Курд и заради Боби одлучила да ја смени верата, поради што нејзиното семејството ја екскомуницирало.
Извор: Дојче веле