АУДИО: Уште една Македонска химна на Васко Белески
Веруваме дека ова парче музика, преработка во инструментална верзија на популарната песна „Битола мој роден крај“ ќе ви го стопли срцето.
Инаку, мелодијата е дело на нашиот македонски музичар, менаџер и продуцент Васко Белески, кој секојдневно создава дела со кои ја буди свеста кај Македонците особено кај помладите и со тоа додавајќи им поголема вредност на македонската музика во целина.
Позитивните коментари од неговите обожаватели на негова адреса не престануваат, што му дава дополнителен мотив повеќе да работи и создава дела кои ќе останат за секогаш.
Нашата редакција го замоли за едно кратко интервју, по што добивме позитивен одговор по што и наскоро ќе биде реализирано, а до тогаш уживајте во неверојатниот звук на ова прекрасна мелодија:
Извор: Турлитава