Научниците велат дека сепак има живот после смртта
Истражувањето кое го спроведоа научниците од британскиот Универзитет од Саутемтон откри изненадувачки податоци – човечкиот ум продолжува да работи и откако срцето ќе престане.
Досега се сметаше дека мозокот престанува да работи околу 30 секунди откако срцето ќе престане да чука, со што личноста престанува да биде свесна, но новото истражување покажува дека починатите личности можат да бидат свесни за својата околина и до три минути откако се прогласени за мртви.
Истражувањето опфати повеќе од 2.000 личности и додека научниците беа шокирани, се потврди она што многу лаици го тврдеа и претходно.
“Спротивно од општото мислење, смртта не е прашање на момент туку за потенцијално реверзибилен процес до кој се доаѓа кога срцето, белите дробови и мозокот ќе престанат да функционираат. Ако докторите успеат повторно да ги разработат, велиме дека станува збор за застој на срцето, но ако не успеат се констатира смрт”, објаснува еден од научниците.
Од 2.0060 пациенти до Австрија, САД и Велика Британија со кои разговарале научниците, скоро 40% од пациентите изјавиле дека во одредена мера се сеќаваат на некои детали од периодот откако биле прогласени за клинички мртви.
“Тоа покажува дека поголемиот дел од личностите кои се прогласени за мртви имаат одредени сеќавања и после ‘смртта’, но со време тие сеќавања избледуваат или исчезнуваат поради повреди на мозокот или лековите кои ги примиле”, објаснува д-р Сам Парнија, лидер на студијата.