Од утре помош за поплавите ќе се донира и во поштите

Објавено: вторник, 16 август 2016 во 18:44
Spread the love

Македонска пошта од утре до 31 август годинава ги отвора своите единици на поштенска мрежа за собирање хуманитарна помош за настраданите подрачја во скопскиот регион.

– Помошта во конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за лична хигиена и дезинфекција хуманите граѓани може да ја остават во било која поштенска единица на Македонска пошта на целата територија на Република Македонија, се вели во денешното соопштение од Македонски пошти.

Оттаму посочуваат дека дистрибуцијата на хуманитарната помош ќе се изврши во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.