Завера или случајност: Истиот човек го сними масакрот во Ница и во Минхен?!
Мoжноста истиот човек да се најде на 15 јули во Ница кога полудениот убиец со камион усмрти 84 лица и седум дена подоцна во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен кога Али Давид Сонболи уби девет луѓе, и сето тоа да го сними со камера, е многу мала. Сепак, тоа се случило…
Човекот кој во растојание од седум дена се најде на лице местото на настаните кои ја вознемирија Европа е Ричард Гутјахр, германски снимател и новинар.
Тој живее и работи во Минхен па не е нелогично и во Ница и во својот град да се најде на бојните полиња на трагедиите. Гутјахр во Ница го снимаше најгледаното видео на камионот кој се движи со неверојатна брзина и ги гази луѓето следен од мотористот кој безуспешно се обидува да го спречи. Тоа видео снимено од терасата на хотелот на првиот кат покрај Англиското шеталиште во Ница го обиколи целиот свет.
Гутјахр изјавил дека случајно се нашол во непосредна близина на трагедијата што е неверојатна среќа за професионалец како него.
Новинарот бил и во Минхен кога 18-годишникот Али Давид Сонболи убиваше и рануваше луѓе. Во текот на крвавиот пир Гутјахр на својот профил на Твитер објавуваше снимки со паника, метежи и специјални полицајци во акција. Објавена е и снимка од Али како пред „Мекдоналдс“ пука на луѓе чиј автор е непознат, но многумина заклучија дека тоа е токму Гутјахр.
По социјалните мрежи се шпекулираше за тоа дека германскиот снимател однапред знаел за настаните во Ница и Минхен, особено кога од оваа другата снимка е видливо дека снимателот не случајно го снимил атентатот.
Новинарот не одговорил на обвиненијата туку сите материјали ги повлекол од Твитер без никакво образложение. Поборниците на теоријата на заговор го испитале приватниот живот на Гутјахр и откриле дека е во брак со Израелката Еинат Вилф која била израелска разузнавачка и извесно време советничка за безбедност на премиерот Шимон Перез.
Полицијата потврди дека напаѓачот кој го изврши крвавиот напад, а потоа и самоубиство во Минхен Али Давид Сонбола (18), е Германец со иранско потекло.
Премногу случајности на едно место, констатираат оние кои се позанимавале со „случајот Гутјахр“ и додаваат дека во двете трагедии станува збор за местенка за која новинарот знаел, а информациите, тврдат, ги добил од Мосад, израелската тајна служба.