„Среќко Шојиќ“ ќе се кандидира за претседател на Србија

Објавено: вторник, 26 јули 2016 во 10:40
Spread the love

Во трката за претседател на Србија би можел да се најде и еден кандидат кој може „да им ги помрси“ сметките на актуелните претенденти за оваа функција, наведува белградски „Курир“.

Имено, станува збор за познатиот српски актер Милан „Лане“ Гутовиќ, кој се прослави со улогата на култниот лик на Среќко Шојиќ во серијалот филмови „Тесна кожа“ и во серијата „Бела лаѓа“.

Според „Курир“, идејата на Гутовиќ за ваквата авантура во политиката ја поттикнал успехот на сатиричната листа „Не ја проба сармата“, чиј носител беше измислениот лик Љубиша Прелетачевиќ – Бели, на локалните избори во Младеновац.

Доколку ваквите тврдења се покажат како точни Гутовиќ, кој веќе има „искуство во политиката“ со улогата на лидер на Партијата за здрав разум, овој пат би можел да се најде и во реалната политика заедно со остантите претенденти за претседателската функција, наведува белградскиот весник.