Свет

Масовно ги допирале и бакнувале: 35 девојки нападнати и силувани на музички фестивал

Најмалку 35 девојчиња на возраст од 12 до 17 години пријавиле сексуално злоставување за време на музичкиот фестивал во шведскиот град Карлштад во петокот и саботата навечер.

zlostavuvanje-devojki2

Некои од нив рекле дека мажите масовно ги допирале и бакнувале.

Инцидентот е сличен на оној од Келн, кога во новогодишната ноќ десеттина жени биле нападнати.

Една 17-годишна жртва од Карлштад се откажала од својата анонимност за да го опише нападот.

zlostavuvanje-devojki3

Александра Ларсон за Daily Mail раскажала што се случило.

Како што рекла, околу полноќ ситуацијата излегла од контрола. Група мажи ги турнале и неа и нејзините пријателки, тие се спротивставиле, а мажите им се заканиле.

Ларсон и нејзините пријателки малку се оддалечиле од нив, а потоа Александра почувствувала како некој ја допира по задникот.

“Тогаш некој се почувствува слободен силно да ме фати за задникот. Се завртев и им кажав на момчињата зад мене дека тоа не е во ред, но не знаев кој точно го направи тоа. Малку подоцна почувствував како некој со прсти минува помеѓу моите нозе и ги допира моите гениталии. За среќа, носев фармерки”, рекла девојката.

Кога повторно се свртела, момчињата тврделе дека се невини, и ги повторувале нападите.

“Се завртев и вриснав: Кој и да си, ти си свиња! Моите пријателки беа шокирани кога им кажав што се случи. Одлучивме да заминеме бидејќи не можевме да видиме кој го прави тоа. Имаше море од луѓе. Беше ужасно. Некој ме допираше, а јас немав поим кој”, рекла Ларсон.

Девојката кажала дека момчињата не биле постари од 17-18 години, и дека не изгледале како Швеѓани.

“Веројатно беа мигранти. Жал ми е што го кажувам ова, но тоа е вистина”, рекла таа.

Ларсон одлучила инцидентот да го пријави во полиција.

“Ги пријавив нападот во полиција, но тоа е само капка во морето. Видов девојки кои плачејќи ја напуштаа публиката, а меѓу нив и една моја пријателка која е 2 години помлада од мене. Плачеше до тој степен што ми пукна срцето. Многу тинејџери се криеле меѓу луѓето и ја допирале за задникот, гениталиите и градите”, рекла Ларсон.

Поврзани вести

Back to top button