„Турција може да доведе до разгорување на војна на НАТО против Русија“
Турција може да доведе до разгорување на војна на НАТО против Русија, смета познатиот француски политиколог Александар Дел Вал.
„Како член на НАТО Турција би направила нешто за разгорување на војна со Русија. Токму затоа таа собори руски авион. Целта, меѓу другото, е да го втурне НАТО кон заострување на конфликтот со Русија во името на трансатлантската солидарност”-изјави Дел Вал.
Според него, проблемот е дека Турција и денес го користи својот статус на членка на НАТО, за да блокира многу проекти за соработка со Грција и Кипар. Дел Вал ја нарекува Турција мафијашка држава и земја која го подложува на бомбардирања сопственото население (Курдите), дозволува формирање на логори на исламисти на своја територија и ги користи миграционите процеси како уцена на преговорите со ЕУ со цел исламизација на Европа, а оттаму и на целиот свет.
„За да го разбере Западот, треба да се случат 10 настани како терористичките акти од 11 септември 2001 година против САД”- вели Дел Вал.
Тој ја нарекува Турција геополитичка црна дупка, која ја зајакнува заканата од исламскиот тероризам