ЖивотИзбор на уредникот

Сите им се смеат, а тие се единствените луѓе кои не заболуваат од рак

Експертите го истражиле нивниот начин на живот и исхрана, што ги довело до неочекуван резултат.

Неодамнешна студија објавена во магазинот “Cancer Causes and Control” (Причини и контрола на ракот), откриено е дека меѓу Амишите речиси нема случаи на рак и дека тие се најздравите луѓе во Америка.

Експертите од Универзитетот во Охајо ја започнале студијата за Амишите за да откријат дали нивниот недостаток на конвенционална медицинска нега влијае врз зголемување на ризикот од добивање рак. Меѓутоа, она што го откриле сосема ги шокирало.

Имено, откриено е дека Амишите имаат значително помали шанси да се разболат од рак во однос на остатокот од населението, па експертите одлучиле малку подобро да го истражат нивниот начин на живот, исхраната и да се обидат да најдат поврзаност со неочекуваното откритие.

Многу Амиши не пушат и не пијат и претежно не се промискуитетни, што експертите ги довело до заклучок дека ваквиот начин на живот има важна улога во намалувањето на случаи на рак.

Меѓу останатите фактори е и количината на физичка работа. Многу Амиши се занимаваат со земјоделство, градежништво и други работи кои бараат огромна количина на физичка активност која ги прави здрави.

Додека остатокот од Америка седи пред малите екрани по цел ден, Амишите вредно работат, а експертите веруваат дека токму тоа допринесува за нивното одлично здравје.

Уште еден важен фактор е фактот дека Амишите сами ја одгледуваат својата храна. Се служат со органски методи со кои се добива здраво овошје и зеленчук, здраво млеко и месо и необработена храна каква многу Американци, а и многу други луѓе никогаш нема ни да ја пробаат.

Иако многумина го исмејуваат нивниот начин на живот, ги сметаат за заостанати и примитивни, посветеноста на Амишите на „едноставен“ живот со чиста локална храна која им носи добро здравје, претставува начин на живот за кој остатокот на светот може само да сонува.

Поврзани вести

Back to top button