Македонија

Внимавајте: Змија каснала дете и еден маж

Змии каснале едно осумгодишно дете во стручмичко село и еден 39-годишен маж во велешко.

Во струмичко село осумгодишно дете налетало на влечуга додека си играло на ливада, а во велешката болница помош побарал и 39 годишен жител на Бузалково. За среќа и двајцата поминале без сериозни последици по здравјето.

Освен змиите, топлото време предизвика и  наезда од крлежи. Стотици граѓани изминатиот период побарале лекарска помош поради убод од овие инсекти. Вкупно 45 од нив биле во амбулантата на Инфективна клиника. Меѓу нив е и мало дете на кое крлежот му се закачил на уво.

-Апелираме граѓаните сами да не ги вадат крлежите туку да побараат лекарска помош бидејќи симптомите на болест можат да се јават две до три недели по каснувањето – вели Марија Анастасова од Брза Помош.

Лајмската болест е најчестата инфекција што ја пренесуваат крлежите.  Годинава не е регистриран ваков случај. За да се избегнат компликациите од убодите и на крлежи и на змии, лекарите ги советуваат граѓаните да бидат внимателни кога се движат во природа.

-Да носат соодветна облека, панталони и покривање на голите делови од телото бидејќи крлежите се во тревите – вели др. Анастасова.

Поврзани вести

Back to top button