Свет

Драматичен пораст на поддршката за антиимигрантската АФД во Германија

Анкетата на весникот „Билд“ покажува дека германските гласачи и даваат се поголема поддршка на политиките на антиевропска и антиимигрантска десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД), која пред две дена побара забрана за Исламот и џамиите.

Како што јави дописникот на МИА од Берлина, во анкетата, на која АФД освои 13,5 отсо доверба, е спроведена меѓу 16 и 18 април, односно во исто време додека германската јавност беше шокирана од барањата на високи претставници на партијата за забрана на Исламотм затоа што „се коси со германскиот Устав“.

Меѓу другите барања кои беа дочекани со критика од претставниците на германските муслимани, се и забрана за јавно пеење на оџите, забрана за носење на бурка и хиџаб и забрана за функционирање на џамиите.

Иако портпаролот на германската влада Штефан Зајберт вчера не сакаше да ги коментира предлозите на АФД, очигледно е дека за значителен дел од јавноста тие се прифатливи.

Во последната анкета за рејтингот на партиите спроведена пред еден месец, АФД имаше поддршка од малку повеќе од 10 отсто од испитаниците, што значи дека три отсто во истото време ги промениле своите позиции и сега се поддржувачи на АФД.

На листата на најпопуларни партии според анкетата на „Билд“, се уште води блокот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ) на Меркел со 31,5 отсто (пад од 2 проценти во споредба со последните анкети), на второ место е Социјалдемокарстката партија на Германија (СПД) со 19,5 отсто (пад од 2 проценти), трета со 3 отсто раст е АФД, а четврти се Зелените со 13 проценти и пад од 0,5 отсто.

Пред почетокот на бегалската криза минатата година АФД имаше околу 4 проценти рејтинг кој не и обезбедува влез во федералниот парламент. Со менување на реториката против приемот на бегалците партијата успеа да дојде до рекордна поддршка кај гласачите, со што ќе игра значителна улога во идниот германски Парламент.

АФД а веќе е дел од осум од вкупно 16 покраински парламенти во Германија, како и од Европскиот парламент.

Поврзани вести

Back to top button