Забранетата љубов на терористот кој сееше страв: Една жена му помогна, другата го предаде!
По крвавите напади во Франција кои се случија на Петок 13-ти, светските медиуми објавија нови детали за терористот кој сееше смрт и страв. Abdelhamid Abaud, терористот кој сам се разнесе, имал пошом од две жени, едната била со него, а другата на крајот го предала.
По серијата напади тој се криеше неколку дена. Помош му пружала неговата братучетка, проблематичната Hasne Aitbolačen, која на крајот загина со него во стан, откако тој активираше бомба. Додека бил во бегство, таа му обезбедувала храна, вода, оружје, облека, се што му е потребно за да преживее.
Девојката од секогаш била проблематична. Таа живеела во згрижувачки семејства, а од мала за неа дрогата и алкохолот не биле непознати поими.
Сепак, во 2014 година таа се променила. Од девојка која лудува со алкохол и дрога и оди на журки, Хасне почнала да носи никаб, а во тој период почнала да се допишува со момче од Сирија. Идентитетот на момчето прво не бил откриен, а потоа се дознало дека тоа бил токму Абауд, нејзиниот роднина во кој била лудо заљубена, кој се борел на фронтот. Таа го следела, ги споделувала неговите крвави видеа. Тој прв пат во Сирија отишол во 2013 година, а кога почнале да се допишуваат со Хасне не знаеле дека се работи за нив. Лудо се заљубиле и планирале и брак.
Кога по нападите прв пат се сретнала со Абауд, таа понела со себе и жена на возраст од околу 40-на години. Токму сведочењето на таа жена и помогнало на полицијата подоцна. Таа тврдела дека ја знае Хасне бидејќи нивните мајки се сестри. Тврдела дека не е дел од терористичката група.
Ноќта кога се сретнала со терористот го препознала од телевизија, па кога си отишле, веднаш пријавила.
Таа беше клучен сведок во истрагата.