Мадам Маја: Проститутките ги бричиме ќелаво и потоа им гасиме отпушоци од цигари
Шефовите на синџирите на проституција немаат милост кон непослушните – казните за нив се брутални и многумина поради тоа, со проституцијата се занимаваат многу години и не можат да го напуштат тој мрачен свет.
На прашањето како регрутираат нови проститутки и како ги казнуваат оние кои сакаат да побегнат, младата мадам Маја од Москва ладнокрвно одговорила:
„Ги бричиме ќелаво и потоа им гасиме отпушоци од цигари на главата. Имаме и погруба метода. Им ставаме чаша за вино, знаете веќе каде, и потоа ја кршиме. Па, ние добро им плаќаме за таа работа, а освен тоа, им купуваме убава облека.“
Разговорот се водел во почетокот на 90-тите години, кога надлежните институции во Русија беспомошно собирале црни статистички бројки за драстичниот пораст на насилство, проституција и зависноста од дроги меѓу младата московска популација.
А, бројките во главниот градна Руската Федерација во тоа време изгледале вака: Во првата половинана 1993 година, малолетни или едвај полнолетни личности биле одговорни за 13% од провалните кражби, разбојништва или насилства.
Во само една година, бројот на зависници од дрога меѓу московските ученици пораснал за 15%, а во тој град имало околу 1.000 девојки помлади од 18 години кои се занимавале со проституција, пишува порталот Express.hr.
Тоа станало најпопуларната и најпрофитабилната професија кај московските средношколки. Токму во тоа време во сите поголеми градови во Русија почнале да се формираат многу улични банди на тинејџери чиј број до 1993 година пораснал за дури 20.000.