Живот

Сиромашно момче кое го одбила ќерка на богаташ – 10 години подоцна, ја сретнува повторно

Живееме во општество во кое критериумите за избор на совршениот партнер може да се разликуваат многу. Нашиот свет се води од конзумеризам кој често не спречува да ги согледаме работите кои се навистина важни. Додека некои бараат подобра половина со добар карактер, други може да бараат партнер според економски фактори. Но, што е дефиницијата за љубов?

Приказната која што ќе ја прочитате циркулира по интернет неколку години наназад. Во неа, сиромашно момче се вљубува во ќерка на богат бизнисмен. За несреќа, таа го одбива поради неговите ниски приходи. Години потоа, двајцата се сретнуваат повторно. Суштината на приказната инспирира и не потсетува сите на работите кои навистина се битни.

Сиромашно момче се вљубило во ќерка на богат бизнисмен. Понесено од љубовта кон девојката, момчето и предложило брак. Богатата девојка остро го одбила и му рекла: „Твојата месечна плата е колку моите дневни трошоци. Како очекуваш да се омажам за некој како тебе? Никогаш не би можела да те сакам, заборави ме. Оди најди си некоја соодветна на тебе”.

Иако било сурово одбиено, момчето не можело лесно да ја заборави.

Околу 10 години подоцна, случајно се сретнале во трговски центар.

Таа веднаш го препознала и го поздравила: „Како си? Јас сум мажена сега, а платата на мојот сопруг е 15.700 долари месечно. Можеш ли да го победиш тоа. Тој е и многу паметен”.

Мажот, слушајќи ги овие болни зборови од жената на неговите соништа, одвај се воздржал да не пушти солзи и не рекол ништо.

По неколку моменти, пристигнал и сопругот на богатата жена. Но, пред таа да прозбоди, нејзиниот сопруг веднаш го препознал човекот со кого таа разговарала и му рекол: „Добар ден господине, како сте? Гледам дека ја запознавте мојата сопруга”.

„Добар ден и на вас, господине…?”

„Господин Картер, господине”.

Тогаш, сопругот се свртел кон неговата жена и рекол: „Драга, сакам да го запознаеш мојот шеф. Тој го поседува проектот од 100 милиони долари на кој работам”.

Жената останала вчудоневидена од расплетот на настаните и не можела да одговори ништо.

Човекот само се насмевнал и рекол: „Господине Картер, морам да одам. Имам важни работи кои ме чекаат да ги завршам. Одлично што ве видов денес, имајте убав ден”.

Откако се соземала од првичниот шок, жената го прашала нејзиниот сопруг: „Oва беше твојот шеф?”

„Да драга. Тој е многу успешен и скромен човек, но неговиот живот е тежна приказна. Велат дека одамна бил вљубен во некоја жена која го откачила затоа што бил само сиромашно момче во тоа време. Затоа, работел многу напорно, а бидејќи е умен, станал и успешен. Сега е мултимилионер кој зработува милиони долари месечно. За несреќа, уште не може да ја преболи девојката и сè уште не е женет. Колку би била среќна таа девојка да се омажела за него”.

Жената останала без зборови.

Поврзани вести

Back to top button