Живот

Одличен трик за загревање на вашите стапала

Иако зимата официјално почнува за неколку денови, веќе не е толку пријатно да се шета надвор поради ниските температури, особено рано наутро и во текот на ноќта кога температурите се спуштаат и под нулата. Овој студ најпрво се чувствува во стапалата, па токму затоа и многумина имаат проблем да се згреат дури и кога се во својот дом. Тие едноставно имаат лоша циркулација.

Но, за среќа постои еден одличен трик со чија помош можете да ги загреете вашите стапала за само неколку минути. Сè што ви е потребно е едно шишенце масло од сусам и пар волнени чорапи.

Сипете малку масло на дланката и добро измасирајте ги стапалата од сите страни, како и помеѓу прстите. Потоа облечете ги волнените чорапи и за само неколку моменти ќе почувствувате подобрување. Тајната се крие во богатството хранливи материи од кои се состои маслото од сусам, како и неговите способности за брза апсорпција.

Меѓу другото, сусамовото масло ќе ви помогне и да ги намалите чувствата на тегоби и ќе го подобри вашиот сон. Да не заборавиме и на фактот дека кожата на вашите нозе ќе биде помека од кога било претходно.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button