Свет

Терористите планирале нуклеарен напад врз Европа

Според белгиските медиуми, терористичката ќелија на која и припаѓаат браќата Ибрахим и Калид Ел Бакрави имала план да ги нападне белгиските нуклеарни централи но планот не им успеал.

Ибрахим се разнесе на аеродромот Завентем а Калед во метрото.

Терористичката ќелија долго ги планирала нападите кои се случија на 22 март а помеѓу плановите бил и нападот на нуклеарна централа. Но, апсењето на Салах Абдеслам пред една недела го изместило предвидениот план па така тие морале да побрзаат во реализација на нападите поради тоа што секој момент ризикувале да бидат фатени и одбрале цели за нападите кои се полесни за реализација како метрото и аеродромот.

Според информациите на дневникот ДХ, пред домот на директорот на програмата за истражување и нуклеарен развој била скриена камера. Двајцата браќа Ел Бакрави дошле да ја земат камерата. Тоа се случувало на само неколку дена по париските напади што става на знаење дека истите терористи ги планирале и извеле нападите во Брисел и Париз а снимката е откриена во декември 2015 година кај еден од осомничените за парискиот напад Мухамед Бакали.

Наводите на ДХ не се потврдени од официјалната истрага.

Белгиската агенција Белга јави утринава, повикувајќи се на полициски извори, дека е идентификуван и вториот камиказа од аеродромот. Се работи за Наџим Лахрави.

Поврзани вести

Back to top button