Свет

Сириските Туркмени со благодарност до Русија и осуда за Ердоган

Туркмените жалат за загинувањето на рускиот пилот на нивна територија и се надеваат на помош од Русија во одржувањето на мирот, како и во борбата против тероризмот и агресијата на Турција, изјави шефот на администрацијата на туркменската населба Ал-Аисауија во Сирија Мустафа Кафи.

Туркмените жалат за загинувањето на рускиот пилот на нивна територија и се надеваат на помош од Русија во одржувањето на мирот, како и во борбата против тероризмот и агресијата на Турција, изјави шефот на администрацијата на туркменската населба Ал-Аисауија во Сирија Мустафа Кафи, пишува „Лента.ру“.

Во Ал-Аисауја има доставено околу пет тони руско-сириска хуманитарна помош, а исто така е поставен и медицински пункт. „Благодарен сум ѝ на Руската Федерација за помошта што ни ја пружа, и за вистината што му ја презентира на целиот свет“, изјави Кафи.Тој додаде дека локалните жители се против агресијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ние не сакаме да му помагаме, тој е лош човек“, истакна чиновникот.Кафи изрази сочувство во врска со загинувањето на нивна земја на пилотот на рускиот авион кој беше соборен од турското ВВС и потоа стрелан од бунтовниците.Според неговите зборови, Туркмените ќе продолжат да се борат против тероризмот со поддршка од владините сили и сирискиот претседател Асад. Тие исто така го одобруваат примирјето, а приврзаниците на терористите ги нарекуваат предавници на татковината.

Извор: Руска реч 

Поврзани вести

Back to top button