Што јаде семејството Ѓоковиќ и колку чинат нивните секојдневни оброци?
Новак Ѓоковиќ е познат како навистина дисциплирана личност кога е исхраната во прашање. Оваа дисциплираност не ја напушта ни кога оди на одмор. Така дури и додека се во Белград, тој и Јелена јадат исклучиво свежа храна.
Најдобриот светски тенисер во моментов има 78 килограми и се чувствува цврсто и подготвено пред секое излегување на теренот. Сировата храна и производите без глутен му помагаат на Ѓоковиќ да биде силен при секој удар.
Дури и деновите кога е на одмор не значи дека се денови за одмор од правилната исхрана. Дури и во тие денови тој и Јелена практикуваат да јадат иста храна како во периодите кога се подготвува за натпревари.
Со оглед на тоа дека не секогаш имаат доволно слободно време за готвење, во пресрет им излегува професорката по драматургија, Маја Волк, која е позната по тоа што го излечила ракот со помош на сирова исхрана.
„Семејството Ѓоковиќ го запознав минатата година на Златибор. Јелена ме контактираше кога Новак пристигна во Белград и ме праша дали би можела да им подготвам храна. Веднаш прифатив“ – објаснува Маја и додава дека семејството Ѓоковиќ многу сака благо.
„Новак е задоволен со храната која им ја примремам. Тие двајца најмногу ги сакаат моите слатки, јагоди со шлаг од индиски ореви и торта од тиква. Појадокот и ручекот ги чинат по 500 динари, соковите 300, а тортите 250 динари“ – објаснува Маја.
Маја воопшто не ја крие својата среќа што од току многу светски готвачи познатото семејство ја избрало токму неа и додава дека вооопшто не и е тешко подготвената храна да им ја однесе дома.
„Секое утро започнувам со готвење во 7 часот бидејќи храната мора да биде свежа. Кога ќе спремам сè, одам кај нив и им носам, а потоа се дружиме сите заедно“.