Страшни детали: Пријателот на Тачи, има фабрика за бебиња
Пријателот на Хашим Тачи, нигерискиот милијардер Рохас Окороча, има неколку фабрики за бебиња, од каде се вадат здрави органи кои се праќаат во Европа.
Ова за српски Blic го изјавил др. Филип Нџеманџе, кој веќе со денови се обидува да укаже на криминалната мрежа со трговија на органи, која се простира од Нигерија до Косово.
“Во нигериската држава Имо се откриени неколку фабрики за бебиња кои работат со благослов на Рохас Окороче. Органите со помош на соработниците на Окороче со авиони се пренесуваат во Европа”, рекол Нџеманџе.
Имајќи ги во предвид обвиненијата кои овој нигериски академик претходните денови ги изнесувал на сметка на Тачи, не е исклучено дека поранешниот косовски премиер е вмешан во споменатите “фабрики за бебиња”, иако докторот не го обвинил директно.
Нџеманџе истакнал уште еден страшен детаљ кој е поврзан со вадењето на органи на деца во Нигерија.
“Постојат многу рурални, сиромашни области, во кои луѓето на Окороча шират гласини за убивање на деца во замена за пари. Такви случаи, за жал, постојат”, истакнал др. Нџеманџце, и уште еднаш изјавил дека е подготвен да соработува со институциите.
Пристигнало барање за сослушување
Во српското министерство за правда, минатиот петок пристигнало барање од Обвинителството за воени злосторства, да се сослуша др. Нџеманџе, кој ги изнел обвиненијата во Blic.