Македонија

(ВИДЕО) Навивачи скандираа „УЧК“, „каурски пи*ки“ и „Смрт за Србија“, ќе реагираат ли сега дежурните србофоби Љубчо Георгиевски и Ивон Величковски

Голем број албански навивачи се собраа во Тетово за да ја прослават победата на нивната репрезентација, но прославата брзо стана скандалозна и провокативна.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат толпа како скандира „УЧК“, „каурски пи*ки“ и „Смрт за Србија“, предизвикувајќи бес низ целиот регион.

Се верува дека во инцидентот се вклучени навивачките групи „Балисти“ и „Шверцери“, кои ги поддржуваат клубовите Шкендија и Шкупи, тимови што се натпреваруваат во Првата лига на Македонија, чие јадро е составено од етнички Албанци.

Интересно е што нема никаква реакција од Љубчо Георгиевски и Ивон Величковски кои најчесто скоро за секоја негативна појава тврдат дека е виновна Србија, или како што велат дека е поврзана со „Српскиот свет“, но затоа го премолчуваат ова скандалозно навивање, претепувањето на дете во Штип, дивоградбите во Чаир и слични особено деструктивни појави.

ФОТО: Принтскрин Јутуб

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2