(ВИДЕО) Претепан македонски фудбалер во Слупчане ќе реагираат ли сега дежурните србофоби Љубчо Георгиевски и Ивон Величковски

Скопскиот фудбалски клуб апелира до Фудбалската федерација, надлежните дисциплински органи и МВР да преземат мерки за целосно расчистување на случајот
Фудбалскиот клуб Аеродром од Скопје побара итна разврска на инцидентот во кој тројца негови играчи беа нападнати од страна на играчи на ФК Беса за време на вчерашниот меч во Слупчане. Апелираа до Фудбалската федерација, надлежните дисциплински органи и МВР да преземат мерки за целосно расчистување на случајот.
„По последниот судиски свиреж, нашите фудбалери беа физички нападнати од страна на дел од фудбалерите на противничкиот тим. Во инцидентот беа нападнати тројца наши играчи – голманот и уште двајца фудбалери, кои претрпеа телесни повреди и сите беа веднаш пренесени во болница во Скопје, каде што им беше укажана лекарска помош. Двајца фудбалери се пуштени на домашно лекување, а голманот сè уште е хоспитализиран“,наведуваат од ФК Аеродром.
Оттаму додаваат дека мечот завршил со резултат од 2:1 во корист на Аеродром, а оти неиспровоцираниот напад врз играчите на скопскиот клуб уследил непосредно по досудениот крај.
„Фудбалот мора да остане симбол на спортски дух, фер-плеј и почит, а не поле на агресија и опасност за здравјето на спортистите. ФК Аеродром ќе продолжи да се бори чесно на теренот и да го промовира спортот како место на фер натпреварување, со меѓусебна почит и спортски дух“,се вели во соопштението на ФК Аеродром.
Претходно од МВР информирше дека двајца фудбалери на ФК Беса од Слупчане се приведени откако нападнале играчи од ФК Аеродром од Скопје за време на вчерашниот натпревар од Третата лига Север.
– Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од село Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во село Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје, соопшти СВР Куманово.
Полицијата презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Интересно е што нема никаква реакција од Љубчо Георгиевски и Ивон Величковски кои најчесто скоро за секоја негативна појава тврдат дека е виновна Србија, или како што велат дека е поврзана со „Српскиот свет“, но затоа го премолчуваат, овој инцидент, скандалозно навивање, претепувањето на дете во Штип, дивоградбите во Чаир и слични особено деструктивни појави.



