Свет

(ФОТО+ ВИДЕО: „ИД има скриено 4 нуклеарни бомби во Европа и САД“

Салех Абдеслам вели дека терористичката организација поседува најмалку 4 нуклеарни оружја кои се наоѓаат во 4 големи градови низ светот и кои се спремни за детонација.

Според зборовите на Салех „судирот на цивилизациите“ треба да започне во 2016 година. Тој кажа дека во Германија има 18.000 терористички ќелии кои чекаат да започне невидена катастрофа во Европа. Тој исто така кажа дека нукларните бомби ќе бидат лансирани во САД, Германија, Франција и Русија.

Неговиот е-маил најпрво бил објавен на германскиот сајт „Netzplanet“, а тој таму открил детали за планираната нуклеарна инвазија:

„Бев припадник на ИД но сфатив дека тоа што ги подржував беше најголемата грешка која сум ја направил некогаш. Ме изманипулираа да правам работи кои не сакав да ги правам.

Овој е-маил не е молба за прошка туку сакам само да ја предупредам јавноста за случувањата во иднина кои ќе бидат катастрофални доколку не се направи нешто за да се спречат. Не сакам да одам во затвор поради тоа што го сторив.

Јас сум Салех Абдеслам. Се надевам дека овој е-маил ќе и помогне на јавоста да ја сфати вистината. Можеби ќе помогне да се спречи војна која треба да почне оваа година. Оваа 2016 е година во која почнува Третата светска војна. ИСИС поседуваат четири нуклеарни бомби од типот W25 i W89. Лично ги видов. Една е во САД, една во Германија, една во Франција и една во Русија. Денес има повеќе од 135.000 членови на ИД, од кои 65.000 се распрскани низ Сирија за да ги заштитат скриените складишта со оружје и кои се бореле на фронтови со цел да се обезбеди стратешки важна локација за криумчарење на нафта и оружје.

Во Франција има 2.800 терористички ќелии во регионот околу Париз, Бобинла и Кубервоа.

Во Англија има само 650 терористички ќелии бидејќи е многу тешко да се влезе таму. Тие се наоѓаат во Лондон и генерално се преправени како стиденти.

Во Шведска има 1.600 терористички ќелии кои се распространети во Стокхолм и Теби.

Во Германија има 18.700 ќелии, а нивниот број постојано се зголемува од ден на ден. Има дури и во градовите како Бамберг, Либек и Хилдсехајм. Во Либек се планираат најмалку 6 напади во кои членовите на ИД ќе ги кренат во воздух сите мостови во градот.

terorist

Оружјето и експлозивните насправи се шверцувани пред неколку месеци  во различни градови. Имам и информации за човекот од ИД кој е познат по името Шаб.

Шаб е на листата за убиства во Исламската држава. За неговата глава се нудат дури 2 милиони долари. Него го пратиле тајните служби на САД за да ги убие членовите на ИД. Тој уби повеќе од 400 терористи.

Шаб се појавува исклучиво на места каде нема воздушни напади, бидејќи во тие моменти главната стратегија на ИД ја преместуваат на одалечена локација за која тој знае однапред. Шаб не е виден од јули 2014 година. Постојат гласини дека се крие во Шведска, Англија или Германија и дека се обидува да ги идентификува терористичките ќелии во тие држави.

Овој човек е упатен во информациите за бројните разознавачките агенции и за структурите на терористичките организации, затоа и не е чудно што неговата глава се проценува на 2 милиони долари.

Се надевам дека ќе успеете да го пронајдете Шаб и да ги добиете неопходните информации од него пред да го фатат исламистите. Ја приложувам неговата фотографија во документите кои ви ги пратив.

Се молам  Алах да успее да ја спречи оваа војна и дека ќе биде сериозно сфатена оваа моја порака.

Многу ми е жал и знам дека не можам да го поправам тоа што го направив, но се надевам дека сепак нема сите да станеме жртви на оваа болна идеологија.

Не смеете да ја потцените силата на ИД бидејќи тие веќе не се група туклу се огромна војска  со бројни ресурси, многу пари и многу оружје, тенкови и проектили.

Се надевам дека ќе ви помогне мојот е-маил и дека сериозно ќе го сфатите“.

Поврзани вести

Back to top button