Незаконски е да продавате нечии очи, ова се најбизарните закони во САД
Експертите од Универзитетот Оливет Назарен составија листа од најнеобични и најконфузни законски одредби ширум САД.
Ајдахо: Незаконски е да и подарите на поубавата половина чоколадна бонбониера потешка од 22,5 килограми.
Алабама: Незаконски е да носите лажни мустаци кои предизвикуваат смеење во црквите.
Аљаска: Незаконски е да ја будите мечката додека спие за да се фотографирате со неа.
Аризона: Забрането е магариња да спијат во када за капење.
Арканзас: Незаконски е да изговорите име на држава на погрешен начин.
Калифорнија: Незаконски е да изедете жаба, која настрадала за време на натпревар на жаби во скокање.
Колорадо: Незаконски е да јавате коњ под дејство на алкохол.
Флорида: Доколку заврзете слон за автомат за паркирање, ќе морате за него да платите иста парична сума како и за паркирање на автомобил.
Џорџија: Незаконски е да држите сладолед во корнет во задниот џеб од пантоланите в недела.
Хаваи: Забрането е ставање монети во уши.
Илионоис: На малолетните лица не им е дозволено да конзумираат алкохол, освен доколку не станува збор за кулинарска програма.
Индијана: Забрането е носење мустаци доколку личноста има навика да ги бакнува другите луѓе в лице.
Јута: Незаконски е да не пиете млеко.
Јужна Каролина: Не е дозволено да држите коњи во када за капење.
Јужна Дакота: Незаконски е да спиете во фабрика за сирење.
Луизијана: Можете да платите казна од 500 долари доколку одлучите да испратите пица на туѓа адреса, без знаење на личноста која таму живее.
Кентаки: Не е дозволено да бојадисувате патчиња во сина боја и да ги продавате, освен доколку не продавате шест парчиња живина одеднаш.
Мериленд: Незаконски е да шетате по јавните паркови во маица без ракави, во спротивно треба да платите казна од десет долари.
Мејн: Незаконски е да држите (новогодишна и божиќна) декорација по 14 јануари.
Масачусетс: Незаконски е да поседувате експлозивно топче за голф.
Мичиген: Жените не смеат да ја кратат својата коса без дозвола на мажите.
Минесота: Личноста на смее да ја премине границата на државата, носејќи патка на главата.
Мисисипи: Казната за навредлив речник на јавно место изнесува сто долари.
Мисури: Незаконски е да превезувате мечки, кои не се сместени во кафез.
Монтана: Доколку наведувате овца на железичка шина со цел да му нанесете штета на возот, ќе бидете казнети 50 илјади долари и служење затворска казна од пет години.
Ново Мексико: Државните власти наредија укинување на 400 експлицитни зборови од „Ромео и Јулија“.
Њу Џерси: На мажите им е забрането штиркање за време на сезона на риболов.
Њујорк: Не е дозволено да се носат влечки во домот по десет часот навечер.
Њу Хемпшир: Од 1973 година е забрането собирање и носење морска алга во текот на ноќта.
Северна Каролина: Забрането е да се користат слонови за орање на полињата за одгледување памук.
Северна Дакота: Забрането е да легнете во кревет и да заспиете со чевли.
Охајо: Незаконски е да ги опивате рибите.
Оклахома: Незаконски е да се борите со мечка.
Орегон: Незаконски е да одите на лов на животни на гробишта.
Пенсилванија: Незаконски е да му кажете на видовит човек каде да копа во потрага по закопано богаство.
Тенеси: Незаконски е да ја делите шифрата за Нетфликс.
Тексас: Незаконски е да продавате нечии очи.
Вермонт: На жените им е потребна писмена дозвола од мажите за да носат вештачки заби.
Висконсин: Незаконски е да служите замена за путер во затворите.
Вајоминг: Во периодот од јануари до април не е дозволено да ги фотографирате зајаците без официјална дозвола.
Западна Вирџинија: Забрането е да свиркате под вода.