Избор на уредникотМакедонија

Штипскиот градоначалник понуди плац за куќа, бесплатна градинка, еднократна парична помош од 40.000 денари за семејството на штипската четворка

Еднократна парична помош од 40.000 денари, од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ќе биде префрлено на сметка на Благица и Александар Зикови, кои станаа родители на штипска четворка. Јорданов вели дека разговарал со Александар, таткото на Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина и за она што како општина може да им се помогне.

-Помеѓу она, што ние како што општина може да им го понудиме како помош е да добијат плац за изградба на куќа, со бесплатни комуналии за градба, како и бесплатна градинка за четирите деца. Тоа е во рамките на нашите надлежности, вели Јорданов.

Штипскиот градоначалник очекува одговор во текот на наредниот период што е прифатливо за семејството Зикови, кои се родители на четири деца, а се родија на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Поврзани вести

Back to top button