Избор на уредникотМакедонијаТоп

Стоилковски ги објави цените од владиниот ресторан, омлет со свинско за 65 денари, замрзнати цени за министрите наместо во продавниците

Смрзнати се цените во владините бифеа, наместо во продавниците, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, при што ги објави цените на цените на дневното мени во владиното бифе. Народот се турка за корка леб, а Ковачевски, Груби, Бујар, Спасовски, Стани Цаци, си сркаат пилешка чорба за 60 денари, вртат на вилушка омлет со свинско за 65 денари, пишува Стоилковски.

Убаво си ги пишува цените за дневното мени. Пред да се затрчаат за “лажни вести” нека видат датумот, 12 октомври, извор СОЗР! Може да нема омлет со свинско, ама тука е порција омлет со пилешко!

Народот се турка за корка леб, а Ковачевски, Груби, Бујар, Спасовски, Стани Цаци, си сркаат пилешка чорба за 60 денари, вртат на вилушка омлет со свинско за 65 денари. Може и сланина на скара за 110 или вешалица од свинско каре за 135 денари.

Некој нека најде копан со ориз за 100 денари, грав со сланина за 150 денари, тост со свински врат 75 денари на друго место освен во влада за министрите.

Или Битиќи, оној што убедуваше за “перки од ајкула” па поскапе се’, може да се заблажи со тулумба или штрудла со тиква за по 30 денари.

Не верувам дека некаде се јаде по овие цени, во болница или во студентски дом.

Со овие цени, доручек, ручек и вечера за функционери доаѓа околу 250 денари. Чорба за доручек, готвено за ручек, тост за вечера, истакнува Стоилковски.

Поврзани вести

Back to top button