Избор на уредникотМакедонија

Апасиев: Тројца актуелни прaтеници на ДПМНЕ се ослободуваат од кривичен прогон со измените на Кривичниот закон

Откако на вчерашната Седница во Собранието парламентарното мнозинство ги изгласа измените во КЗ преку кои се намалуваат казните за Злоупотреба на службената положба и овластувањата и за кривичното дело злосторничко здружување денес преку својот профил се огласи пратеникот Димитар Апасиев. Според него со овие измени се амнестирани и тројца актуелни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тројца актуелни претеници на ДПМНЕ се ослободуваат од кривичен прогон со вчерашните измени на КЗ. Уште пет и “Бугари у Устав”!, напиша на својот Фејсбук профил Апасиев.

Инаку од Левица обвинуваат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со тоа што обезбедиле кворум овозможиле изгласување на измените на Кривичниот закон.

Поврзани вести

Back to top button