Мистерии

Научници открија најголем соларен систем во Вселената

Група научници и астрономи открија планета која се движи во орбитата околу своите ѕвезди од која е оддалечена околу трилион километри.

Така научниците го открија најголемиот соларен систем до сега регистриран во Вселената, а го сочинуваат планета 2MASS J2126-8140 и црвената ѕвезда TYC 9486-927-1  околу која оваа планета се движи.

Оддалеченоста меѓу планетите и ѕвездите во центарот на новооткриениот систем е седум илјади пати поголема од оддалеченоста меѓу Земјата и Сонцето.

За еден круг околу нејзината ѕвезда планетата на споменатиот систем е потребно околу милион години.

Професорот од Националниот универзитет во Австралија, Сајмон Марфи рече дека новооткриениот соларен систем е трипати поголем од досега познатиот најголем систем во Вселената. Тој тврди дека и научниците се изненадени дека така лесен објект орбитира на така голема оддалеченост од својата ѕвезда.

Ѕвездата 2MASS J2126-8140 е 15 пати поголема од Јупитер, најголемата планета на нашиот Сончев систем.

Новооткриениот соларен систем од Земјата е оддалечен околу 100 светлосни години или шест октилиони милји (овој број има 27 нули).

Поврзани вести

Back to top button