Покачувањата на платите на функционерите ќе ги чини граѓаните 80 милиони денари месечно, од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ молчат како договорени
Околу илјада функционери ќе добијат покачување на платата за 78 проценти. Тоа државата ќе ја чини приближно 80 милиони денари месечно. Ова е проценката на министерот за економија Фатмир Бесими, кој рече дека покачувањата ќе бидат за речиси 1.000 функционери, меѓу кои политичари, обвинители, директори, пратеници.
– Не сме имале начин како да дознаеме за одлуката на Уставен суд. Речиси 1.000 функционери се во прашање. Приближно 80 милиони денари на месечно ниво, на годишно се 960 милиони денари, рече Бесими.
Парите се непланирани и поради тоа ќе мора се крати од други места.
– Се врши пренамена од други позиции. До крајот на годината, во однос на ова законско решение, ќе треба да го примениме законот. Секоја институција треба да си направи пресметка. Овие пари ги нема во буџетот бидејќи не е план на Владата, туку одлука на Уставниот суд, вели Бесими.
Иако постоеја најави дека ќе има напори платите да не се зголемат 78 отсто со одлуката на Уставниот суд – тоа не се случи.