Директорка херој: Успеа да спаси 10 млади животи, но не и својот
Директорката на основно школо во Индијана, Сузан Џордан, загина спасувајќи ги животите на своите ученици. Кога во вторникот автобусот тргнал кон нив, она ги бутнала со желба да ги спаси, но она почина бидејќи не успеала да се тргне на време.
Сузан секогаш била великодушна и ценета во своето училиште, а учениците ја обожавале поради нејзината добрина. Нејзиниот последен добар чин се одигра во вторникот. Автобусот изненадно отскокнал , по што се забил, додека Џордан им помагала на децата околу превозот до нивните домови. Таа успеа да ги спаси децата, но не и себе.
Учениците кои ги спасила Сузан, околу десетина, однесени се во болница во озбилна состојба. Возачот на автобусот изјави дека не знае зошто автобусот изненадно тргна напред и дека само видел како Сузан ги бутка децата.
-Децата ја обожаваа. И во моментот кога настрада таа им помагаше- изјави Рита Реит, возач на автобусот.
Школскиот одбор во официјална изјава за јавност надеве дека, Џордан била посветен наставник, дека ги сакала децата и дека цел округ жали по нејзе.
Сузан долги години била наставни, а потоа и директорка на школото околу 2 децении.
Сите во градот ја гледаат како херој после спасувањето на децата, а пример им беше и додека беше жива. Минатиот мај учениците и се заблагодариле со снимка која трае 11 минути и се вика -„Ви благодарам, госпоѓице Џордан, за се што направивте за нас“.