Избор на уредникотМакедонија

Захарова: Голема грешка прави македонската Влада што ќе ѝ даде хеликоптери на Украина

Како голема грешка ја оцени портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова намерата на Министерство за одбрана на Македонија, на Украина да ѝ бидат дадени 12 хеликоптери Ми-24 од руско производство. Хеликоперите беа набавени во 2001 година, кога Македонија се соочи со воен конфликт на својата територија и кога имаше набавено од Украина и руски тенкови Т-72, кои пак, изминатава година ѝ беа подарени на украинската војска.

-Таквата одлука ќе ја сметаме за голема грешка на македонската влада, изјави Захарова.

Планот на македонското Министерство за одбрана е да ѝ ги даде хеликоптерите на Украина, чии пилоти се добро обучени за ваков вид на руски летала, додека Македонија пак ќе купи хеликоптери од американско производство кои се целосно компатибилни со НАТО. Четири од 12-те руски хеликоптери се модернизирани според НАТО-стандардите.

Поврзани вести

Back to top button