Бизнис

Нова Љубљанска Банка (NLB) ќе се продава: Се очекува нов банкарски бренд во Македонија

Надзорниот одбор на Словенечкиот државен холдинг најави дека Словенија во 2016 година планира да почне процес на приватизација на околу 20 компании од кои најзначајна е продажбата на Нова Љубљанска Банка (NLB). Со оваа одлука на словенечките власти која треба да се реализира до крајот на наредната година ќе настане и смена во акционерската структура во една од трите најголеми банки во Македонија, НЛБ Тутунска банка, каде што NLB поседува скоро 90% од акциите.

Според информациите од Словенија има повеќе опции за продажба, но засега предност се дава на моделот ИПО- односно јавна понуда.

NLB во првите девет месеци од 2015 година веќе има остварено профит од 77 милиони евра што е за 19 милиони евра повеќе од истиот период лани. Напредокот е уште поголем ако се знае дека државата во 2013 година ја докапитализираше оваа банка за да ја спаси од пропаѓање. Според експертите единствена слабост на оваа банка во моментов се нефункционалните кредити кои достигнуваат и до 800 милиони евра.

Поврзани вести

Back to top button