Путин: Земјата којашто ќе започне нуклеарен напад ќе биде збришана
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот во киргистанската престолнина Бишкек предупреди дека секоја земја дека секоја земја којашто ќе се осмели да ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде збришана од лицето на Земјата.
Путин, кој во Киргистан учествува на самитот на Евроазиската економска унија (ЕЕУ), посочи дека Русија нема стратегија и мандат за покренување превентивен прв нуклеарен напад за разлика од САД, но дека руското хиперсонично оружје ќе осигури Русија да може моќно да одговори доколку некогаш биде нападната.
Факторот за одвраќање претставува способност да се заштити земјата со помош на нуклеарното оружје, додаде Путин.
„Ве уверувам дека откако системот за рано предупредување од ракетен напад ќе добие сигнал за напад, стотици наши проектили ќе бидат лансирани од наша страна. Невозможно е да бидат спречени. Но тоа, сепак, е одговор…. Тоа значи дека паѓањето на боевите глави на непријателските ракети на територијата на Русија е неизбежно. Вистина, нема да остане ништо од непријателот, бидејќи и невозможно е да се пресретна стотина проектили. И тоа се разбира, е факторот на одвраќање. Сериозно одвраќање“, рече Путин.
Предупреди дека доколку руските непријатели сепак сметаат дека е можно да изведат превентивен нуклеарен напад, тоа ја тера Русија да размислува за таквите закани кои ги создаваат таквите идеи во одбранбени стратегии на другите земји.
Путин на прес-конференцијата одговараше и на прашањата на новинарите за условите за постигнување мир и притоа рече дека Москва во иднина веројатно ќе мора да постигне договори во врска со Украина, но дека се чувствува предаден поради непочитувањето на договорите од Минск од 2014-та и 2015-та.
Путин рече дека Германија и Франција, кои беа посредници во ткн Нромандиска четворка за постигнување мир во украинската граѓанска војна по превратот во Киев во 2014 година, меѓу властите во Киев поддржани од Западот и тогашните проруски бунтовници кои ги поддржуваше Москва, ја предале Русија. Притоа ја повтори изјавата на поранешната германската канцеларка од средата во интервјуто за весникот (Die Zeit), дека Минските спогодби биле „само трик“ со цел на Украина „да ѝ се даде време да се вооружи и да презема воени дејствија“ во Донбас.
Можно намалување на производството на руската нафта
„Русија би можела да го намали производството на нафта како одговорна ограничувањето на цените на нејзината нафта за извоз“, одговори Путин додавајќи дека се разработуваат соодветните мерки што ќе ги преземе Москва.
Групата индустриски најразвиени земји во светот Г7 по иницијатива на САД, Австралија и Европската унија од понеделникот ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари за барел, заканувајќи им се на осигурителните компании и превозниците кои ќе пружаат услуги за поскапите испораки.
„Ќе го разгледаме намалувањето на производството, доколку мораме“, рече Путин повторувајќи дека Русија нема да извезува нафта во земјите кои го прифатиле ценовниот лимит.
Оцени дека ваквиот вид притисок од Западните земји е „глупава одлука“ којашто е „штетна за глобалните енергетски пазари“, но оти нема „никакви влијанија“ врз Русија.
Во петокот, инаку, во претпладневното тргување барел руска нафта од марката Urals чинеше 47 долари, што ги привлекува купувачите, особено големите како Кина и Индија, кои не се приклучија на западните санкции.
Можни идни размени на затвореници со САД
Путин рече и дека се можни и натамошни размени затвореници меѓу САД и Русија, како и дека контактите меѓу разузнавачките служби меѓу двете суперсили и натаму се одвиваат.
Путин одговори на прашањето ден откако Вашингтон го амнестираше од натамошната затворска казна рускиот претприемач Виктор Бут осуден за наводно трговија со оружје во Соединетите држави, а Москва ја ослободи хомосексуалната кошарка Бритни Грејнер која беше во притвор осомничена за криумчарење недозволена наркотичка супстанција во Русија.
„Да, сѐ е возможно. Контактите продолжуваат. Всушност, никогаш ниту престанаа… Изнајден е компромис, не отфрламе продолжување на таквите активности во иднина“, рече рускиот челник.
Изненадувачки американската страна не покажала поголем интерес за ослободување на поранешниот маринец Пол Вилан кој е осуден на долгогодишна затворска казна во Русија поради шпионажа. Поради тоа, новинарите го прашаа Путин дали се можни други размени на затвореници на двете страни.
Велан беше осуден во 2020 година, а американските власти вообичаено кога станува збор за односите со Русија велат дека неговото судење било „нечесно и нетранспарентно“. Неговиот адвокат во четвртокот извести дека продолжуваат преговорите меѓу Вашингтон и Москва за ослободување на Велан.
Нема нова мобилизација
Кога станува збор за нова мобилизација на дополнителни сили за војната во Украина, Путин рече дека за тоа нема потреба имајќи предвид дека уште 150.000, односно половината од неодамна мобилизираните воени резервисти, сѐ уште не се испратени на боиштето.
Путин одговори дека е погрешно да се доведува во прашање судската пресуда со којашто опозициски политичар со слаб рејтинг Илја Јашин неколку часа претходно беше осуден на осум ипол години затвор во врска со законот за „ширење лажни информации за руските вооружени сили“ во услов кога изведуваат борбени дејствија.
„Кој е Јашин?“, праша Путин прашан да ја коментира судската одлука и од кога не доби одговор рече дека е „погрешно да се проблематизира судската одлука“.