Бизнис

За потрошувачки кредити граѓаните должат 1 милијарда евра!

Иако помина во знакот на политичка неизвесност, инвестициска апстиненција на домашните бизнисмени и зголемена претпазливост во трошењата од страна на граѓаните, сепак, минатата година, според објавените податоци од Народната Банка заврши со раст на кредитите кон приватниот сектор за 6,8 отсто.

Растеше кредитирањето, но растеа и сомнителните и спорни побарувања на банките. Така, на крајот на декември, салдото на проблематични кредити и во странска и во домашна валута изнесувапе 483,4 милиони евра, пришто за една година е регистриран пораст за 13 милиони евра, односно во јануари 2015 година, вредноста на проблематичните кредитит изнесувала 470.4 милиони евра.

Според инфромациите од Народната Банка, вкупната кредитна задолженост кон банките изнесува 4 550 747 967 евра и за една година има раст од 413 463 414 евра. На почетокот од 2015 година, кредитната изложеност изнесувала 4 137 284 552 евра.

Во вкупните кредити, доминираат денарските наспроти девизните. Еве колку кредити, во зависност од валутната клаузула се пласирани од страна на банките:

Кредити во домашна валута: 3 631 040 650 евра

Кредити во странска валута : 919 707 317 евра

Податоците покажуваат дека за населението и натаму најатрактивни остануваат потрошувачките кредити, а пораст е забележан и кај станбените кредити, што според банкарите се поврзува со актуелниот проект на Владата “Купи куќа – купи стан“. На истекот од минатата година, гувернерот Димитар Богов најави дека со почетокот на оваа година стапуваата на сила мерките со кои НБМ сака да ги насочи банките на зголемена внимателност, особено во делот на одбрување на потрошувачките кредити. Банкарите оценија дека ова мерка нема да ги зголеми каматите на потрошувачките кредити но не очекуваат ниту дека значајно ќе го стимулира кредитирањето на фирмите.

Заклучно со декември, само по основ на потрошувачки кредити, граѓаните во банките должеле скоро 939 милиони евра ( 938 699 186 евра) а по основ на станбени кредити, кај кои се забележува значаен пораст, физичките лица должат речиси 500 милиони евра. Вкупната кредитна задолженост на граѓаните изнесува 1,9 милијарди евра.

Денарското штедење – доминантно ….

Лани во декември вкупните депозити од граѓаните и компаниите изнесувале 4,95 милијарди евра. Податоците покажуваат дека депозитите на фирмите, заклучно со декамври биле 1,17 милијарси евра со пораст од 107 милиони евра. Компаниите лани добиле вкупно нови кредити од банките од 169 милиони евра, а најголем дел од нив, 89 милиони евра, биле одобрени во декември.

Во валутната структура на депозитите и натаму доминира штедењето во денари. Имено во вкупната депозитна база, денарското штедење учествува со 59,7% а штедењето во странска валута со 40,3%. Еве каква е структурата на депозитите :

Депозити во домашна валута : 2 957 577 235 евра

Депозити во странска валута: 1 994 373 983 евра

На годишно ниво, НБМ регистрираше раст на штедењето и на домаќинствата и на фирмите.

Д.А. за FAKTOR.MK

Поврзани вести

Back to top button