Избор на уредникотМакедонија

Ова е момчето приведено за дојавите за бомби во скопските средни училишта! (ФОТО)

МВР денеска објави дека едно лице е приведено поради сомнение дека учествувало во испраќањето на лажните дојави за бомби во неколку скопски средни училишта.

Конзерватив.мк предмалку објави дека нивниот член е уапсен и дека даваат целосна подршка за него.

Станува збор за Никола Николовски, администратор на инстаграм профилот „Боемот”.

Во продолжение Фејсбук статусот на Конзерватив.мк:

„Неспособноста на МВР и властите резултираше кон приведување на невини лица!

Во моментов нашиот член Никола Николовски, како во најцрните денови од комунизмот со над 10 службеници е приведен повеќе од 4 часа, поради сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училиштата во Скопје.

ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ И ДЕМАНТИРАМЕ ДЕКА НАШИОТ ЧЛЕН НИКОЛА ИМА БИЛО КАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ОВИЕ НАСТАНИ.

Никола е пред се’ општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент.

Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани“

Поврзани вести

Back to top button