Свет

Малолетен емигрант во Шведска убил млада работничка (ВИДЕО)

Момчето, чија возраст и националност не се објавени, е осомничен за убиство на младата работничка со ладно оружје во прифатен центар во Молндал, во близина на Гетеборг. Девојката имала голем број убодни рани и починала откако била префрлена во болница.

migrant

Инцидентот се случил во моменти кога полицијата од шведската влада бара итно вработување на повеќе од 4.000 дополнителни полицајци поради зголемената опасност од тероризам, обезбедувањето на границите и воведување ред во прифатните центри за емигранти.

„Овој вид интервенции стануваат сѐ почести. Сѐ повеќе сме соочени со вакви немили настани“, изјави портпаролот на полицијата Томас Фуксборг. Шефот на полицијата Ден Елиасон предупреди дека пристигнувањето на неочекуваниот број емигранти (163.000 во 2015 на 9,8 милиони жители) ги оптоварило безбедносните сили во целата земја.

„Интервенираме на голем број кршења на јавниот ред во центрите за емигранти. Во некои места таквите интервенции ги преоптоваруваат полициските сили. тоа не беше така пред шест месеци и затоа не можеме да бидеме ефикасни во други области“, објасни Елиасон.

Шведска поради напливот на емигранти во ноември повторно воведе контрола врз границите.

Поврзани вести

Back to top button