„Ни беше семеен пријател, а ја силувал нашата малолетна ќерка со пречки во развојот“
Малолетното девојче И.С. од Јагодина која е ментално заостаната, била силувана од нивниот семеен пријател, 53-годишниот Р.В., тврдат нејзините родители.
Таткото на жртвата е во огромен шок и не може да верува што се случило.
-Не смеам ни да помислам низ каква голгота поминува ова мое дете. Душата ме боли што покрај тешката болест таа сега мора да се бори и со психички трауми поради силување, истакна за Инфомер таткото на малолетното девојче.
Монструмот е уапсен, а во болница е веќе потврдено дека 16-годишната И.С. е злоставувана.
-Р.В. постојано и зборуваше дека луѓето се лоши и да внимава со кого се дружи. На крај ја искористи нејзината доверба и брутално ја силувал. Дури и ми призна. „Мртов-ладен“ ми рече дека не знае зошто го направил тоа, вели мајката на силуваното дете.
Девојчето на 13-ти јануари отишла кај семејниот пријател за да и го поправи лап-топ компјутерот. Ја искористил оваа прилика и ја силувал.
-Ја ставил неговата рака под нејзината блуза и почнал да ја гали. Потоа се соблекол гол. Ја наместил да му седне во скут. Мојата ќерка е заостаната во развојот и физички и психички, не знаела што и прави, завршува мајката.